Дома Живот Која е нормална телесна температура, a кога треба да се грижите?

Која е нормална телесна температура, a кога треба да се грижите?

2086
0

Нормалната телесна температура може да варира и зависи од неколку фактори: пол, возраст, време од денот и слично.

„Температурите може да варираат, при што некои членови на семејството се постојано потопли од другите. Тоа не мора да биде лошо. Нормалниот опсег за повеќето луѓе е 36,1 ° C до 37,2 ° C“, вели д-р Чарлс Брантли.

Нормалниот температурен опсег, сепак, е малку различен кај децата и постарите лица.

„Децата во просек се малку потопли од возрасните, а оние над 65 години се малку постудени“, додаде докторот.

Тој наведува дека на температурата може да влијае и брзината на метаболизмот, хидратацијата, па дури и облеката што ја носите.

Жените генерално имаат пониска температура поради повисокиот процент на маснотии во телото. Брантли вели дека температурата кај жените може да варира за време на менструацијата.

Понатаму, температурата е пониска во текот на ноќта, а најголема е во пет часот попладне. На температурата може да влијае и храната што ја јадеме, па обично сме малку потопли после оброк.

Затоа, следниот пат кога ќе ја измерите температурата, имајте на ум дека нормалните вредности варираат помеѓу 36,1 ° C и 37,2 ° C.

Високата температура е еден од првите знаци на болест, а ако температурата на телото е повисока од 38 ° C, се смета дека лицето има треска, пишува Insider . Симптомите на треска вклучуваат чувство на студ, главоболка, замор, болки во телото и потење.

Треската обично поминува за една недела, а потребно е да се пијат многу течности, да се одмори и да се носи лесна облека. Ако состојбата не се подобри во рок од една недела, консултирајте се со лекар.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име