Дома Твој готвач Компири на поинаков начин: Полнети, печени, одлични, евтини

Компири на поинаков начин: Полнети, печени, одлични, евтини

591
0

Компири на поинаков начин: Полнети, печени, одлични, евтини
Лесно се подготвува, уште полесно исчезнува од чинијата


Токму кога ќе помислите дека сте пробале се што може да се направи од компири – се појавува нов рецепт кој досега не сте го пробале. Многу е можно верзијата на полнети компири што ја најдовме на страната tanja_recepti на Инстаграм да припаѓа на тој тип на рецепт.

Состојки:

500 гр компири со средна големина 1 до 2 лажици ориз 1 голем кромид 3 чешниња лук 1 до 2 свежи сечкани домати сол сув зачин магдонос мелен црвен пипер масло или 2 лажици маснотии

Подготовка:

Излупете ги компирите, а потоа поделете ги на половина и издлабете ги со нож. Се редат во подмачкана тава. Посолете малку и зачинете.

Кромидот се сече на ребра, се пропржува малку на маснотии, па се додаваат преостанатите парчиња компир (може да се изренда и компирот), мелен црвен пипер, ориз и се се динста. Потоа додадете ги доматите и сечканиот лук. Посолете, зачинете, па пропржете уште малку.

Во секој издлабен компир ставете го готовиот фил. Истурете вода до половина од компирите.

Покријте и ставете во рерна да се пече половина час додека не поруменат.

Претходна објаваНеобичен симптом на покачен холестерол може да се појави и на прстите
Следна објава9 зони на абдоминална болка: Знаци дека имате проблем со урината, бубрезите или чир на желудникот

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име