Дома Твој готвач КОКОС БАКЛАВА: Уште една варијанта на кралица на ориенталните десерти

КОКОС БАКЛАВА: Уште една варијанта на кралица на ориенталните десерти

1060
0

КОКОС БАКЛАВА: Уште една варијанта на кралица на ориенталните десерти

СОСТОЈКИ:
● 500 гр кора од баклава
● 5 јајца
● 2 чаши шеќер
● 1 шолја масло
● 1 чаша јогурт
● 200 гр кокосово брашно
● 1 прашок за пециво

Сируп (шербет):
● 4 шолји шеќер
● 5 шолји вода
● 1 ванилин шеќер

ПОДГОТОВКА
Јајцата се матат со шеќерот, па се додаваат маслото, јогуртот и кокосовото брашно со прашокот за пециво. Измешајте сè.

На дното на подмачкан плех ставете две кори, па филот. Повторно ставете две кори, па филот и така додека не се потрошат состојките.

На крајот се ставаат три кори, се сече баклавата на ромбови, па се премачкува со масло.

Се пече на 200 степени околу 40 минути.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име