Дома Здравје Кога окото ви игра, направете го ова! Спротивно на популарното верување, треперењето...

Кога окото ви игра, направете го ова! Спротивно на популарното верување, треперењето ни испраќа сериозна порака

15778
0

Кога окото ви игра, направете го ова! Спротивно на популарното верување, треперењето ни испраќа сериозна порака

Миокимија на очните капаци се јавува кога сме под стрес, кога сме жедни, во сезоната на алергии, после премногу кафе или алкохол.

На сите ни се случува понекогаш да почувствуваме мало грчење на окото , поради што обично велиме дека тоа игра. Различни верувања се поврзани со оваа појава , од тоа дека ќе ни се случи нешто лошо или добро, но во медицинска смисла тоа е сосема поинаку. Зборуваме за движења на кои не влијаеме свесно, а окото всушност воопшто не се движи затоа што „игра“ очниот капак.

Оваа состојба се нарекува миокимија на очните капаци, а може да се појави во долниот или горниот очен капак, пишува „Rider’s Digest“.

Како се создава

Се јавува како резултат на активноста на невроните кои ги стимулираат мускулите на очните капаци и особено се манифестира кога сме под стрес, кога пиеме премногу кафе или пиеме премногу алкохол. Може да се појави и кога сме жедни и преморени, во сезоната на алергии, но и поради недостаток на витамини А и Б, како и на магнезиум.

Одморете се, земете магнезиум, и бидете подалеку од стрес.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име