Дома Здравје КАКО ДА ЈА НАМАЛЕТЕ ТЕМПЕРАТУРАТА НА ПРИРОДЕН НАЧИН: Еве ТРИ антички трикови...

КАКО ДА ЈА НАМАЛЕТЕ ТЕМПЕРАТУРАТА НА ПРИРОДЕН НАЧИН: Еве ТРИ антички трикови во кои сите веруваат!

815
0

Дали некогаш сте пробале некој од овие трикови?


Пред да посегнете по медицината , можете да испробате некои од триковите што ги практикувале нашите баби. Треската е нешто што сите сме го доживеале и верувам дека многумина пробале некои народни лекови. Од мачкање на челото со ракија, до потопување на чорапите во ракијаи… Високата температура е природна реакција на телото кога има вирус или инфекција.

Високата температура не е болест туку симптом кој обично е проследен со други симптоми како кашлица, болки во грлото, малаксаност, но се е индивидуално. Нормалната телесна температура варира од 36 до 37 степени.

Кога температурата паѓа?
Температурата обично опаѓа кога ќе надмине 38 степени кај возрасните, а кога ќе надмине 37,7 степени кај децата. Покачената температура обично трае околу три дена, но ако видите дека вашата состојба се влошува, мора да посетите лекар за соодветна терапија.


Како се отстранува температурата?
Постојат и некои природни начини за намалување на температурата. Веќе ја спомнавме ракијата, но во продолжение споделуваме уште неколку интересни „рецепти“ кои веруваме дека би можеле да помогнат.

Лимон
Исцедете го сокот од четири лимони и додадете малку рендана кора од лимон. Натопете ги памучните ткаенини во сокот и завиткајте ги стапалата. Над тоа облечете памучни чорапи, добро загрејте ги, особено стапалата и легнете еден час. Кога ќе се исушат крпите на нозете, повторете ја постапката.


Комбинација од мед, ѓумбир и лимон
Се верува дека овој чај може да ги ублажи симптомите на настинка. Потребни ви се чаша врела вода, еден рендан ѓумбир, лажица мед и лажица сок од лимон. Во зовриената вода додадете го ѓумбирот, па оставете го да отстои 3 минути. Додадете по една лажица сок од лимон и мед. Процедете го чајот за да ги отстраните изренданите парчиња ѓумбир.

Компир
Ладен компир треба да го олади вашето тело. Излупете го и изрендајте еден компир, па ставете го во чорапите. Продолжете така, а температурата треба да падне во текот на ноќта.

Важна забелешка:Хидратацијата е многу важна и не смеете да ја занемарите! Пијте многу вода и консумирајте здрава храна, како и чај од нане кој може многу да ви помогне.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име