Дома Живот Како да заспиете за помалку од 60 секунди

Како да заспиете за помалку од 60 секунди

912
0

Луѓето кои страдаат од несоница не треба повеќе да се грижат. Имено, експертите откриле начин како да заспиете за помалку од една минута.

Ако ништо не помага, тогаш треба да прашате за медицинските причини поради кои не можете да заспиете.

Овој природен лек се нарекува метод 4-7-8, и да, толку е едноставен колку што звучи. Прво, заземете удобна положба на вашиот кревет. Потоа, едноставно земете воздух низ носот четири секунди, задржете го здивот седум секунди, а потоа полека издишете преку устата уште осум секунди. Повторете го ова додека не заспиете.

Тоа е сè, објасни лекарот од Харвард, Ендрју Веил, кој ја усвоил оваа вежба од прастара практика на медитација на индиските јоги.

„Тоа е најдобриот метод што сум го нашол за несоница“, рече Веил на предавањето.

Јогите го користат овој метод за да постигнат состојба на целосна релаксација, спротивставувајќи се на стресот и анксиозноста. Намерното забавување на дишењето предизвикува забавување на отчукувањата на срцето, па остатокот од вашето тело се релаксира. Со други зборови, тоа е природен седатив за вашето тело и ум.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име