Дома Нега и убавина Избелeте ги забите природно

Избелeте ги забите природно

420
0

Белењето на забите со различни методи е многу ефикасно, но не е достапно за секого. Одлични резултати може да постигнете и со користење на природна храна.

Лимонот успешно ги отстранува наслагите од варовник. Мијте ги забите со лушпа еднаш месечно, не почесто, за да не ја оштетите забната глеѓ.

Бананата се препорачува и за избелување. Втријте го внатрешниот дел од кората на забите два пати на ден по неколку минути, а разликата ќе ја забележите по неколку дена.

Поминете ги јагодите преку забите, а потоа исчеткајте ги со пастата за киселината и шеќерот од овошјето да не ја оштетат површината.

Јаболката се многу ефикасни бидејќи ги уништуваат бактериите кои предизвикуваат кариес и ги отстрануваат наслагите, па стоматолозите препорачуваат често да ги грицкате.

Ловоров лист и сувата кора од портокал ефикасно ги избелуваат забите, измешајте еднаква количина мелен исушен ловоров лист со мелена кора од портокал, додадете малку вода за да се сврзе смесата. Намачкајте го на забите и оставете да делува четири минути, а потоа измијте ги со пастата.

Претходна објаваСува уста – зошто се појавува овој симптом
Следна објаваБолки во стомакот, кога треба да внимаваме?

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име