Дома Твој готвач ЗЕЛЕНИ ДОМАТИ ВО ТЕГЛА – Најбрзиот рецепт

ЗЕЛЕНИ ДОМАТИ ВО ТЕГЛА – Најбрзиот рецепт

2694
0

ЗЕЛЕНИ ДОМАТИ ВО ТЕГЛА – Најбрзиот рецепт

Состојки:
3 кг зелени домати
500 мл вода
1 л оцет
3 лажици сол
3-4 лажици шеќер
масло за преливот на доматите
2 до 3 главици ситно сечкан лук

Подготовка:
Во длабока и широка тава истурете вода, оцет, сол, шеќер и оставете да зоврие.
Измијте ги доматите и исечете ги на прстени со дебелина од околу 1 см.
Сечените прстени ставете ги во врела вода и варете ги само 1 минута… извадете ги со решетка и ставете ги во цедалка. Истото направете го и со остатокот од доматите (не преполнувајте го тенџерето со домати, туку ставете по неколку за побрзо да бланшираат)
Во чисти и стерилизирани тегли ставете ги бланшираните домати, ред домати, ред ситно сечкан лук додека не ги наполните теглите.
Кога ќе ги наполните сите тегли, прелијте ги со масло (жената не кажа со кое масло, јас налеав масло од репка), сипете го тоа што имате.
Затворете ги сите тегли и оставете да се изладат.Чувајте го на ладно место.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име