Дома Живот Застрашувачките пророштва на Нострадамус за 2025 година

Застрашувачките пророштва на Нострадамус за 2025 година

812
0

Застрашувачките пророштва на Нострадамус за 2025 година

Останува уште нешто повеќе од еден месец до крајот на 2024 година, а оние кои ги проучуваат списите што ги остави славниот Нострадамус со нетрпение ја чекаат следната година, која, според овој француски лекар и астролог од 16 век, ќе биде полна на предизвици за целото човештво.

Нострадамус и неговите пророштва и денес привлекуваат внимание, а има многумина кои веруваат дека тој навистина видел далеку во иднината. Мнозинството, пак, на се гледа како на некаква забава.

Пророштвата се напишани на таков начин што можат да се толкуваат на многу начини, па некои луѓе се сеќаваат на нешто што Нострадамус го напишал при секоја катастрофа.

Нострадамус предвиде поплави

Нострадамус предвиде големи поплави во 2025 година кои ќе ги уништат крајбрежните градови и ќе остават милиони без покрив над главата, пишува Унилад.

Овој инцидент, според познавачите на делото на Нострадамус, искрено ќе го разниша постоечкиот светски поредок. Годината на која се збогуваме секако ја одбележаа поплави, па многумина во коментарите пишуваат дека „пророштвото“ е всушност само здрава логика.

„Човековата судбина е комуникација со повисоки облици на интелигенција“
Во своите пророштва за наредната година, тој наводно спомнал и тајни култови кои ќе ги користат моќите на „мрачните ритуали“.

Унилад пишува и како Нострадамус предвидел големи откритија во областа на квантната физика.

„Откако ќе го постигнеме ова, луѓето ќе можат да комуницираат со повисоки облици на интелигенција. Ова е судбината на човештвото“, пророкува Нострадамус.

Тој најави и дека во 2025 година ќе излезат на виделина долго чуваните тајни. Се чини дека теоретичарите на заговор се многу среќни поради ова.

Тоа ќе го промени текот на историјата, тоа е почеток на нова ера, толкуваат различни поддржувачи на делата на Нострадамус, кои исто така тврдат дека во 2025 година повторно ќе почне да се цени некоја „древна мудрост“.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име