Дома Живот Жените во менопауза треба да ја јадат оваа храна пред појадокот

Жените во менопауза треба да ја јадат оваа храна пред појадокот

1252
0

Земете само мало парче од оваа храна пред појадок – новото истражување покажува дека темното чоколадо им помага на жените во менопауза да ослабат и позитивно влијае на здравјето!

Новото истражување спроведено од тим научници во Бостон откри нешто неверојатно. Добрите вести доаѓаат, особено ако сте жена во менопауза, бидејќи е докажано дека наутро, еден час по будењето, треба да изедете мала количина темно чоколадо бидејќи го намалува нивото на шеќер во крвта.
Двонеделното истражување на примерок од 19 жени во постменопауза покажа дека жените кои јаделе малку чоколадо на празен стомак имале 4,4 отсто пониско ниво на гликоза .

Исто така, истражувачите истакнаа дека жените кои јадат чоколадо во мали количини наутро или навечер имаат помалку апетит и напади на глад, што исто така позитивно влијае на процесот на слабеење.

Овој факт не значи дека треба да појадувате чоколадо и да претерате со конзумирањето на овој деликатес бидејќи тоа само ќе предизвика контра ефект. Најдобро е да изедете коцка темно чоколадо пред појадок – така ќе добиете дополнителна енергија и добро расположение.

Темното чоколадо го поттикнува лачењето на хормоните на среќата , позитивно влијае на здравјето на срцето и коските, а можете да го користите и при подготовка на вкусна овесна каша за појадок.

Претходна објаваКалендар на сезонска храна: Преглед на овошјето и зеленчукот што зрее по месеци – се на едно место
Следна објаваДенес е светскиот ден на бубрезите

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име