Дома Твој готвач Едноставен колач од морков со бела глазура

Едноставен колач од морков со бела глазура

491
0

Овај типичен американски колач е многу едноставен и ефикасен, а во исто време и здрав. Можете да го послужите во секоја прилика и нема да погрешите

СОСТОЈКИ

• 275 гр брашно • 4 јајца • 6 моркови со средна големина • 1 лажичка екстракт од ванила • 1 лажичка сол • 2 лажички сода бикарбона • 2 лажички цимет во прав • 200 мл растително масло • 200 гр бел шеќер • 100 гр шеќер во прав • 100 гр мелени бадеми За глазура • 225 гр крем сирење • 75 гр слатка павлака • 1 лажичка екстракт од ванила • 125 гр шеќер во прав (доколку сакате да ја наполните тортата со оваа смеса, дуплирајте ги состојките.)

ПОДГОТОВКА

  1. Во сад измешајте брашно, сода бикарбона, сол и цимет во прав. Во друг сад се ставаат маслото, шеќерот и ванилата, се мешаат со електричен миксер и се додаваат едно по едно јајце. Во тенката смеса постепено додавајте брашно и измешајте со шпатула. Кога смесата ќе се изедначи, додадете рендан морков и мелени бадеми. Добро измешајте, истурете ја смесата во калап за колачи кој претходно сте го подмачкале и посипете со брашно и печете 45 минути во рерна загреана на 180 степени.
  1. Извадете го колачот, оставете ја да се излади.
  2. Подгответе го филот и глазурата: изматете го сирењето со миксер околу 5 минути, па малку по малку додадете го шеќерот во прав. Потоа се додава слатката павлака и се меша уште неколку минути да се згусне.
  3. На крајот целиот колач премачкајте го со глазура.
  4. Декорирајте по желба, оставете во фрижидер неколку часа и послужете.
Претходна објава5 симптоми непогрешливо укажуваат на висок крвен притисок, доколку ги препознаете, веднаш контактирајте го вашиот лекар
Следна објаваХрана која го штити здравјето на јајниците

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име