Дома Здравје Еден знак на кожата може да предупреди дека ни недостасува витамин Ц

Еден знак на кожата може да предупреди дека ни недостасува витамин Ц

604
0

Еден знак на кожата може да предупреди дека ни недостасува витамин Ц

ИАКО понекогаш може да поминат месеци пред да се појават јасни симптоми на дефицит на витамин Ц, има некои кои можат многу брзо да се забележат. Еден од најчестите знаци дека не се храните правилно е грубата, нерамна кожа.

„Кога нивото на витамин Ц е ниско, може да се развие кожна состојба позната како кератоза пиларис или кожа од мисирка. Најчесто се забележува на задниот дел од надлактиците, бутовите или задникот“, вели диететичарот Ерика Јулсон.

Кожата од мисирка обично се појавува по три до пет месеци недоволно внесување на витамин Ц, но тоа може да биде предизвикано и од други фактори.

„Друг можен показател за недостаток на витамин Ц се раните кои бавно зараснуваат. Имаше и многу пријавени случаи на болки во зглобовите поврзани со недостаток на витамин Ц, што често предизвикува куцање или отежнато одење“, додава Јулсон.

За да се заштитите од недостаток, треба да јадете свежо овошје и зеленчук. Храна богата со витамин Ц се киви, папаја, карфиол, портокали, бриселско зелје и домати.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име