Дома Здравје Еве кои витамини му недостигаат на вашето тело доколку СЕКОГАШ ВИ СЕ...

Еве кои витамини му недостигаат на вашето тело доколку СЕКОГАШ ВИ СЕ СПИЕ…

9842
0

Еве кои витамини му недостигаат на вашето тело доколку СЕКОГАШ ВИ СЕ СПИЕ…

Брзиот замор и постојаната поспаност, без објективни причини, може да значат дека на вашето тело му недостасуваат витамини и минерали. За да се ослободите од ваквите манифестации, ќе мора да ги внесете потребните состојки во вашето тело.

Вообичаени причини за хронична поспаност:

Интензивен спортски тренинг

Неправилен сон и недостаток од него

Стрес, прекумерна грижа и немир

Недоволен годишен одмор

Болест

Земање одредени лекови

Метеопатија

Хормонална нерамнотежа

Штетни навики

Недостаток на кислород

Витамини од групата Б – недостатокот на овие витамини предизвикува постојан замор, дури и кај луѓето кои имаат доволно сон и одмор. Го има во леќата и овесната каша, лебните производи, млечните производи, сувото овошје и морските плодови.

Витамин Ц – го подобрува имунитетот, ја зголемува силата и издржливоста, ја зголемува работната способност. Особено го има во бобинки од рибизла, агруми, боровинки и бабура пиперка.

Витамин Д – дава енергија, се бори со замор, ви помага да се фокусирате. Се произведува во телото како резултат на изложување на кожата на сончева светлина и може да се најде во рибиното масло.

Пантотенска киселина – ја регулира активноста на големиот мозок, ги подобрува механизмите на размислување и меморија, ја намалува можноста за заболување на дебелото црево. Изворите на ова лековито соединение се икрата од морска риба, квасецот, јајцата и млечните производи.

Јод – е неопходен за функционирање на имунолошкиот систем, тироидната жлезда и помага за функционирање на мозокот. Го има во морската храна, цвекло, спанаќ, домати и компири.

Железо – недостатокот на железо предизвикува зголемена тромост, намалена активност, лошо расположение, а исто така го расипува изгледот на кожата, косата и ноктите. За телото правилно да го апсорбира железото, неопходен е витамин Ц. Тој во поголема мера може да се најде во оревите, јаболката, цвеклото и црниот дроб.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име