Дома Твој готвач Добар стар рецепт, цепкани пиперки во тегла

Добар стар рецепт, цепкани пиперки во тегла

3222
0

Добар стар рецепт, цепкани пиперки во тегла

Многу вкусен рецепт и секогаш е среќа да се види на масата….

СОСТОЈКИ:
5 кг пиперка
5 лажици алкохолен оцет
1 лажица морска сол
1 главица лук
лист целер
400 мл. масло

ПОДГОТОВКА:

Печете ги пиперките на шпорет, излупете ги и извадете ги семките. Исцепкајте ги пиперките и ставете ги на решетка да се исцедат најмалку 1 час. Во тавата сипете го маслото и кога ќе се загрее пропржете ја пиперката и посолете. Пржете го околу еден час и кон крајот додадете оцет, целер и крупно исечкан лук.

Спакувајте во тегли и цврсто затворете со метални капаци. Ставете ги теглите во рерна на 90 степени Целзиусови 90 минути. Оставете ги таму до утре – ден да се изладат, а потоа ставете ги на полиците со останатите зимски работи.

Претходна објаваДневен хороскоп за понеделник, 16 октомври! Овенот ќе доживее голема љубов, за Раковите е време за кармичка љубов, а еве кој чека пари
Следна објаваТри огромни грешки кои водат до дополнително зголемување на телесната тежина: Речиси секој прави една од нив

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име