Дома Живот Дневен хороскоп за понеделник 25 март! Бик во афера со некој од...

Дневен хороскоп за понеделник 25 март! Бик во афера со некој од кругот на пријатели, деловниот успех го следи Стрелец

4031
0

Дневен хороскоп за понеделник 25 март! Бик во афера со некој од кругот на пријатели, деловниот успех го следи Стрелец

Секој хороскопски знак ќе има интересен почеток на новата недела, но сè ќе оди добро особено за Девиците.


ОВЕН
ЉУБОВ: Бидејќи Сонцето влезе во знакот Овен, ќе бидете во својот елемент и привлечни без премногу труд. РАБОТА: Бидете попочитувани кон претпоставените доколку сакате да напредувате. ЗДРАВЈЕ: Температура.

БИК
ЉУБОВ: Можен физички контакт или афера со некој од вашиот круг на пријатели. РАБОТА: Ќе имате зголемен обем на работа, но тоа нема да биде проблем, бидејќи работниот ентузијазам ќе ви биде на високо ниво. ЗДРАВЈЕ: Многу добро.

БЛИЗНАЦИ
ЉУБОВ: Можно е да ви се допадне некој кој е премногу посесивен за вас. РАБОТА: Нестабилност во работата. Ќе сакате да направите голема промена. ЗДРАВЈЕ: Променливо.

РАК
ЉУБОВ: Личноста со која сте може да биде многу критична и каустична во комуникацијата, што може да предизвика проблем. РАБОТА: Имате повеќе работа отколку што сакате. ЗДРАВЈЕ: Ментални проблеми.


ЛАВ
ЉУБОВ: Имате проблем да научите да мислите на другите и да му дадете простор на партнерот да блесне. БИЗНИС: Влегување или успех во партнерски бизнис. ЗДРАВЈЕ: Добро.

ДЕВИЦА
ЉУБОВ: Можно е да ви се допадне некој кој е далеку и кој можеби никогаш нема да го запознаете лично. РАБОТА: Мало подобрување на финансиската состојба. Проблеми со претпоставените. ЗДРАВЈЕ: Солидно.

ВАГА
ЉУБОВ: Денеска ќе бидете порасположени, ќе ви се зголеми самодовербата, што позитивно ќе се одрази на љубовниот живот. РАБОТА: Привремени финансиски проблеми. ЗДРАВЈЕ: Мало подобрување.

СКОРПИЈА
ЉУБОВ: Заладување во врската. Ако работите со партнер, тоа ќе предизвика проблеми. РАБОТА: Ќе имате некои неочекувани финансиски проблеми. ЗДРАВЈЕ: Слабо.


СТРЕЛЕЦ
ЉУБОВ: Во овој период прво решение за секој проблем е раскинувањето или разводот. РАБОТА: Успех во се што е поврзано со тимска работа и општествено ангажирање. ЗДРАВЈЕ: Стабилно.

ЈАРЕЦ
ЉУБОВ: Проблеми поради тенденцијата да се придава преголемо значење на деловниот живот и да се вложи премалку енергија во животот. РАБОТА: Внимавајте ако потпишувате договори. ЗДРАВЈЕ: Послабо.

ВОДОЛИЈА
ЉУБОВ: Ова не е ваше време, а можно е воопшто да не се занимавате со љубовен живот, ниту пак нешто да се случи. РАБОТА: Можно е да потпишете договор. ЗДРАВЈЕ: Внимавајте што јадете.

РИБА
ЉУБОВ: Ќе бидете збунети, бидејќи ќе има повеќе луѓе кои ви се интересни. РАБОТА: Се уште можна стагнација во паричните текови и проблеми на полето на финансиите. ЗДРАВЈЕ: Добро.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име