Дома Здравје Дали никнатиот кромид и лук се штетни за здравјето или безбедни за...

Дали никнатиот кромид и лук се штетни за здравјето или безбедни за јадење?

1018
0

Дали никнатиот кромид и лук се штетни за здравјето или безбедни за јадење?

Лукот се смета за природен антибиотик и чувар на имунитетот, а освен тоа има и низа благотворни ефекти врз организмот. Но, што да се прави со него ако никне? Дали да го фрлиме или да го искористиме?

Додека никнатиот компир укажува на поголема количина на соланин, штетно алкалоидно соединение кое служи како природен пестицид и кое е присутно во зголемени концентрации кај зелените, оштетените или никнати компири, лукот сепак се разликува.

Отровните никулци од компир можат да предизвикаат варење или главоболки, па дефинитивно треба да се отсечат, но со лукот нема страв. Една студија сугерира дека никнатиот лук е поздрав од обичниот бидејќи содржи повеќе антиоксиданси. Лукот ‘рти поради староста, но исто како кромидот и поради неправилно складирање и голема количина на влага.

Главите од кромид и лук што ги купуваме во продавница често поминуваат многу време во магацинот или на полиците пред да ги однесеме дома. Добрата вест е дека ластарите се безбедни за јадење, но можат да имаат горчлив вкус. Горчливата нота нема да биде толку изразена во варени или печени јадења, но ако ја јадете сирова, можеби ќе ви пречи.

Ако не сакате да ги јадете, можете да ги засадите ластарите и да одгледувате нови глави. За да не ‘ртат, чувајте го кромидот и лукот на темно и ладно место со добра циркулација на воздухот. Добро е да се знае дека штом ќе ртат, кромидот и лукот брзо ќе почнат да скапуваат. Никогаш не ги чувајте на исто место како јаболка, круши, кајсии, праски, сливи, банани, киви или манго бидејќи овие овошја ослободуваат етилен, гас што го забрзува зреењето, пишува Pun kufer .

Претходна објаваЗошто треба да имате многу огледала во домот?
Следна објаваЕФИКАСНА ХЕРБАЛНА ТЕРАПИЈА Бања за чистење на синусите

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име