Дома Здравје Дали има звуци кои ве „полудуваат“? Може да страдате од мизофонија

Дали има звуци кои ве „полудуваат“? Може да страдате од мизофонија

1715
0

Дали има звуци кои ве „полудуваат“? Може да страдате од мизофонија
Во многу тешки случаи, луѓето целосно се изолираат за да ги избегнат сите звуци што ги мачат


Луѓето кои страдаат од мизофонија можат да бидат иритирани од многу обичен звук, како што се гуми за џвакање, кашлање, звук на дишење, гребење на површина или звук на чекори. Звуци кои повеќето луѓе не ги забележуваат, луѓето со мизофонија не можат да издржат.

Тоа е многу ретко ментално нарушување. Првите симптоми се појавуваат во детството, а како што стареат луѓето се повеќе и повеќе звуци ги иритираат.

Посебниот прилив на негативни чувства, најчесто лутина и вознемиреност е мистериозна состојба која се јавува како одговор на некои звуци што ги слушаме скоро секој ден кај луѓето со мизофонија создава чувство кое е поинтензивно од обична непријатност, а дилемата често е дали ова навистина може да се смета за ментално растројство.

„За разлика од луѓето кои велат дека им пречи што некој џвака чипс во кино за време на филмот, луѓето со мизофонија навистина страдаат“, објасни за Live Science Демиен Денис, професор по психијатрија на Универзитетот во Амстердам.

Експертите велат дека луѓето со ова нарушување најмногу ги иритираат звуците што ги прават најблиските луѓе, како што се членовите на семејството или пријателите. Тогаш знаат да бидат најагресивни.

Во случај на поблаго нарушување, симптомите се ублажуваат со лекови, но вистински лек нема.

Во многу тешки случаи, луѓето целосно се изолираат за да ги избегнат сите звуци што ги мачат. Ова, од друга страна, доведува до повлекување во себе и депресија, пишува mentalfloss.com .


„Тоа е неодамнешно ментално растројство. Разговаравме со 42 лица со слични симптоми и тие ни открија дека избегнуваат секакви социјални активности, времето го поминуваат најчесто со слушалки на уши, а секојдневните обиди да не слушнат ништо им предизвикуваат голем стрес. Знаат да бидат агресивни и дека тоа е неприфатливо однесување, но сепак е посилно од нив“, објаснуваат истражувачите од Амстердам.

Тие презентираа дијагностички критериуми кои би ја класифицирале мизофонијата како ново психијатриско нарушување. Сепак, некои истражувачи тврдат дека тоа всушност може да биде симптом на други основни психијатриски нарушувања како што се опсесивно-компулсивно растројство (OCD) или генерализирано анксиозно растројство.

Оние кои страдаат од мизофонија имаат поголема инциденца на депресија и анксиозност, а бидејќи тоа е поврзано со OCD, уште потешко е да се утврди дали нетолеранцијата на одредени звуци е занемарен симптом на тие нарушувања или е дијагноза сама по себе.

Маргарет и Павел Јастребоф, истражувачи од Универзитетот Емори во САД, кои први го измислија терминот, тврдат дека овие состојби се поврзани со намалена толеранција на звукот. Тие исто така велат дека некои луѓе може да доживеат мизофонија, но клинички да не бидат погодени од неа, но други се склони кон потешки реакции.

Во студија на 500 студенти, околу 20 проценти од учесниците пријавиле клинички значајни симптоми на мизофонија. Повторно беше откриено дека симптомите често се совпаѓаат со анксиозност, OCD и депресија.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име