Дома Психолошки совети Дали знаете зошто секогаш се разболувате кога сте под стрес?

Дали знаете зошто секогаш се разболувате кога сте под стрес?

274
0

Без разлика дали се работи за само блага настинка или нешто навистина ве „удри“, новото истражување сега покажа дека токму стресот може да влијае на имунолошкиот систем.

Студијата , објавена во списанието Proceedings Of The National Academy of Sciences, научниците истражувале како различните форми на социјален стрес – вклучувајќи стресни животни настани, хроничен стрес, секојдневна дискриминација и животна дискриминација – влијаат на здравјето на 5.744 возрасни лица.

Исто така, истражувањето објасни дека стресот влијае и на фактот зошто многу жени се чувствуваат исцрпени после менструацијата . Ослабениот и стар имунолошки систем доведува до поголем ризик од болести како што се рак и кардиоваскуларни болести.

Истражувачите открија дека имунитетот природно опаѓа со возраста, што значи дека секој има сè помал процент на свежи клетки кои се борат против болестите.

Така настанува имуносенценција – постепено слабеење на имунолошкиот систем поради стареење на организмот. Тоа значи дека имунолошкиот одговор станува послаб со возраста, а телото потешко се бори со бактериите и вирусите, а имунолошкиот систем понекогаш ги напаѓа здравите клетки на сопственото тело. И токму стресот ја предизвикува оваа состојба.

Имунолошкиот систем и стресот укажуваат на некои актуелни проблеми, како што е фактот дека често имате настинки или сте подложни на КОВИД-19, кој моментално повторно е во пораст.

Како да го намалите стресот и ризикот од болести?

Она што често го пишуваме и забележуваме, стресот е она што треба да се ограничи. Но, постојат некои извори на стрес кои е невозможно да се контролираат – како што се финансиите, тагувањето. Научниците и тука имаат решение – вежбање и движење.

Се покажа дека повеќе вежбање, како и подобрување на други фактори на животниот стил, како што е исхраната, го забавува стареењето, потенцијално критична компонента на имунитетот. Сето ова е поврзано со стресот, а некои студии сугерираат дека 20-30 минути вежбање дневно се доволни и дека тоа веќе прави да се чувствувате поотпорни на некои болести, но влијае и на долгорочно здравје и заштита.

Претходна објаваЛеб и тестенини – да или не?
Следна објаваДали вашата кожа е под стрес? Еве како да се справите со проблемот…

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име