Дома Здравје ДАЛИ ВИ ТРПНАТ РАЦЕТЕ И НОЗЕТЕ? За тоа е виновен недостатокот на...

ДАЛИ ВИ ТРПНАТ РАЦЕТЕ И НОЗЕТЕ? За тоа е виновен недостатокот на ОВОЈ ВИТАМИН

9010
0

ДАЛИ ВИ ТРПНАТ РАЦЕТЕ И НОЗЕТЕ? За тоа е виновен недостатокот на ОВОЈ ВИТАМИН

Чуден симптом кој често погодува многу луѓе всушност може да биде клучен показател за недостаток на витамин Д, велат експертите.
Симптомите што ги доживуваат многу луѓе – чувство на печење и боцкање, може да укажуваат на недостаток на витамин Д во телото, велат лекарите од Општата болница во Масачусетс.

Ова обично се должи на прекин на протокот на крв во нервите, но исто така е знак за ниско ниво на калциум како резултат на недостаток на витамин Д.

Лекарите од оваа болница објаснија дека најважната улога на витаминот Д во организмот е да помогне во апсорпцијата на калциумот од храната. Покрај пецкањето и боцкањето, луѓето со ниско ниво на витамин Д може да доживеат омекнување на коските познато како остеомалација, што ја зголемува веројатноста за фрактури.

Симптомите исто така вклучуваат мускулни грчеви и екстремни случаи кај децата дури и доведуваат до рахитис.

Лекарите истакнуваат дека секој треба да се погрижи да внесува доволно витамин Д и преку сончева светлина и преку одредени видови храна како што се масните риби, како лососот и сардината.

Недостатокот на витамин Д може да биде предизвикан и од други фактори, како што е целијачна болест, што доведува до слаба апсорпција на витаминот во цревата. Дури и ако е сончево, луѓето кои користат крема за сончање или се во затворени простории поголемиот дел од денот ризикуваат да не внесуваат доволно од овој важен витамин.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име