Дома Твој готвач ГУРАБИИ: Фини старински колачиња кои ќе ве „вратат“ во минатото

ГУРАБИИ: Фини старински колачиња кои ќе ве „вратат“ во минатото

670
0

ГУРАБИИ: Фини старински колачиња кои ќе ве „вратат“ во минатото

Еве еден стар рецепт за колачиња кои некогаш ги правеле нашите баби. Пробајте го, навистина е одличен!

Состојки:

100 гр маснотии
100 гр шеќер
2 јајца
200 гр брашно
мелени и сечкани ореви
кора од лимон

Подготовка:
Изматете ги маснотиите, шеќерот, едно јајце и една жолчка.
Додадете брашно и кора од лимон, па замесете тесто.
Ставете го тестото во фрижидер околу еден час, а потоа извадете го и расукајте го на дебелина од околу половина сантиметар.
Користете калап за да исечете колачиња со саканата големина.
Секое колаче (гурабија) потопете го во белките од едната страна, потоа во крупно сечканите ореви и на крајот во мелените ореви.
Се редат во тавата така што страната натопена во белки и ореви да биде свртена нагоре.
Печете на 170 °C околу 15 минути.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име