Дома Здравје Грст здравје – Мушмули

Грст здравје – Мушмули

366
0

Мушмулите се неправедно запоставени во исхранат, тие содржат толку многу витамин Ц што ни лимонот не може да им парира.

Покрај тоа, тие се богати со калиум, фосфор, натриум, влакна, витамин Б комплекс.

Директно „удираат“ анемија, го чистат црниот дроб и бубрезите, го подобруваат видот, помагаат при стомачна киселина, запек…

Мушмулите, слатките плодови на есента, припаѓаат на семејството рози и потекнуваат од Југозападна Азија и Југоисточна Европа, иако латинското име Mespilus germanica значи германска мушмула.

Римјаните ги донеле во Германија, препознавајќи ги нивните лековити својства и ги користеле за зајакнување на телото, против вртоглавица и слабост. Многумина и денес ги користат кога непцата им крварат, имаат херпес или афти во усната шуплина, бидејќи грст од ова овошје го решава овој проблем.

Се препорачуваат и за време на диета, бидејќи во 100 грама мушмула има само 30 калории, а нивните влакна дополнително го забрзуваат метаболизмот.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име