Дома Здравје Грешки кои многу луѓе ги прават при мерењето на притисокот и затоа...

Грешки кои многу луѓе ги прават при мерењето на притисокот и затоа добиваат неточни резултати

4152
0

При мерењето на притисокот, повеќето прават грешки што може скапо да ги чинат. Затоа резултатите можат да бидат неточни и значително да се разликуваат.

Еве како да ги избегнете грешките што ги прават многу луѓе:

  1. Домашните мерења можат да бидат неверодостојни, а честопати одењето на лекар е непрактично и заморно, но можете да го проверите и крвниот притисок во аптека. Во аптеките мора да се користат само уреди за мерење крвен притисок калибрирани и одобрени од Европското здружение за хипертензија.
  2. Ефектот на бел мантил. Понекогаш е можно да се добијат повеќе вредности ако го измерите притисокот во ординација или во аптека, па затоа е неопходно да се повторува мерењето неколку пати дома.
  3. Мерењето најдобро се прави наутро помеѓу 9 и 10 часот или помеѓу 17 и 18 часот.
  1. Потребно е да се одмори најмалку 5 минути пред мерењето.
  2. Без кафе, алкохол и цигари. Пред мерењето, ова се супстанциите што мора да ги избегнувате. Исто така, не се препорачува да се врши тешка физичка работа.
  3. Никогаш не прекрстувајте ги нозете. Седнете на столот за да ви биде удобно и ослободете се од вишокот облека што ви ги стега рацете.
  1. Три мерења. За време на мерењето, лицето не смее да се движи или да зборува. Често, мерењето се повторува три пати, а ако резултатите, односно просекот се повисоки од 135/85 mmHg, постои сомневање за хипертензија.
  2. Контролен преглед. Еднаш покачен крвен притисок не мора да значи хронична болест. Затоа е потребно повторување на прегледот, за да може лекарот да препише адекватна терапија.
Претходна објаваСамо вие јадете ги овие намирници и грипот ќе ве заобиколи
Следна објаваКолку повеќе ЗАБИ ГУБИМЕ, толку ПОКРАТКО живееме

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име