Дома Психолошки совети Вежбајте среќа

Вежбајте среќа

285
0

Вежбајте среќа..

ОДГЛЕДУВАЊЕТО на среќата бара многу вежбање. Но, постои еден начин лесно да го подобриме нашето расположение. За време на разговорот со Хода Котб на епизодата од 27 март од нејзиниот подкаст Making Space , социјалниот научник кој предава курс за среќа на Харвард и ја проучува среќата со децении, Артур К. Брукс, сподели совет за тоа како луѓето можат брзо да постигнат среќа.

Тајната е да вежбате нешто што се нарекува насмевка на Душен.

„Она што сакате да го направите е да го симулирате тоа. Начинот да го направите тоа е да го ставите моливот хоризонтално меѓу забите, да го фатите со катниците и нежно да го гризете. Не гризете премногу силно за да не го повредите или скршите вашите заби. Направете го тоа околу 20 секунди“, објасни експертот.

Правењето на вежбата 20 секунди ќе им помогне на луѓето да се чувствуваат посреќни еден час

Брукс рече дека Хода може да го испроба со нејзините ќерки Хејли (7) и Хоуп (5) кога ќе се чувствуваат лути. Тој им препорача да ја усовршат нивната насмевка на Душен додека се гледаат во огледало. “И тоа е премногу смешно. Се гледате во огледало и уште посмешно е кога ќе видите дека го правите ова. Веднаш се чувствувате подобро”, открил тој.

Правењето на оваа едноставна вежба за 20 секунди ќе им помогне на луѓето „да се чувствуваат посреќни еден час“, тврди Брукс. Тој ја објасни историјата на насмевката на Душен, која ја откри францускиот невролог Гијом Душен, проучувајќи ги изразите на лицето.

“Душен сакаше да знае која насмевка е поврзана со вистинска среќа. Тој патувал низ целиот свет и открил дека постои една насмевка која е поврзана со вистинска среќа. Таа се нарекува насмевка на Душен. Тој ја именувал по себе, што е одлично.” – заклучи научникот.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име