Дома Здравје Важен показател за здравјето: Ако ги зачувате забите до оваа година од...

Важен показател за здравјето: Ако ги зачувате забите до оваа година од животот, може да доживеете стотка!

15458
0

Важен показател за здравјето: Ако ги зачувате забите до оваа година од животот, може да доживеете стотка!

Забите се показател за општото здравје, но научниците ги интересирало дали и тие можат да ја предвидат должината на животот. Бројот на забите што некој ги изгубил може да предвиди колку долго некој ќе живее.

Но, исто така – тоа исто така укажува на болести на кои некој има или е подложен на.

Луѓето кои ги имаат сите заби до 74 години имаат шанса да доживеат 100 години, покажува новото истражување на оваа тема, објавено во „Периодонтологија 2000“.

Оние кои изгубиле пет или повеќе заби до 65-та година, веројатно ќе страдаат од сериозни здравствени проблеми, како што се кардиоваскуларни болести, дијабетес и остеопороза. Секако, сето тоа е поврзано со квалитетот на животот на поединецот и со социо-економскиот статус, но и со стресот, пишува порталот.

„Луѓето може да ги загубат забите поради стресни и трауматски ситуации, лоша орална хигиена, воспалителна болест на непцата или пушење. Сето тоа може да биде поврзано со срцеви заболувања или дијабетес“, коментира д-р Најџел Картер од Здружението за дентално здравје за весникот „Сан“.

„Ова истражување всушност укажува дека губењето на забите е показател за лош квалитет во некој дел од животот на една личност и показател за зголемен ризик од сериозни здравствени проблеми“, објаснува д-р Картел. Експертите посочуваат дека е неопходно да се мијат забите два пати на ден, со паста за заби со флуор и дека треба да го намалите внесот на шеќер.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име