Брз колач со јагоди: Без миксер или печење – десерт што освојува со вкус
Колачите од јагоди се омилен десерт за многумина, а ние ви донесуваме рецепт за десерт без печење или користење миксер.
Сезоната на јагоди доаѓа , а со неа и правењето колачи со ова, за многумина, најомилено овошје. Ви го претставуваме најлесниот рецепт за торта што ќе ги воодушеви сите со својот вкус .
Состојки:
800 г кисела павлака
200 г шеќер во прав
1 ванилин шеќер
500 г јагоди
3 пакувања колачиња
Подготовка:
Исечете ги јагодите на парчиња. Со лажица измешајте павлака, шеќер во прав и ванилин шеќер. На дното од мал плех наредете еден ред пандишпан, потоа премачкајте го со крем, па наредете ги јагодите.
Прекријте ги јагодите со нов слој крем, а потоа наредете нов ред колачиња. Потоа повторно намачкајте го кремот врз бисквитите, наредете ги јагодите и завршете сè со последниот слој крем.
Доколку сакате, декорирајте ја тортата со јагоди.