Дома Твој готвач Брзи пица кифлички без квасец

Брзи пица кифлички без квасец

892
0

Сè што има вкус на пица добива одлична оцена овде, вклучувајќи ги и овие кифлички од пица. Покрај тоа што се меки и ултра вкусни, лесно се подготвуваат и секогаш успеваат. Ги препорачуваме за секоја пригода, појадок, вечера или ужина.


Состојки:

• 800 гр брашно
• 1 шолја јогурт измешан со топла вода
• 1 прашок за пециво
• 1 лажичка шеќер
• сол
• 1 јајце + 1 белка
• 50 гр путер

Полнење:

• кечап
• оригано
• сирење
• шунка

Премачкување:
• жолчки од јајце
• масло

Убаво измешајте ги состојките за тестото и оставете ги на страна. Во меѓувреме подгответе го филот: шунката исечкајте ја на парчиња и изрендајте го кашкавалот. Тестото поделете го на три дела, а потоа со сукало расукајте го во круг. Исечете го на осум (или 6 во зависност од големината на кругот) триаголници. Додадете кечап, оригано сирење и шунка. Завиткајте ги на вообичаен начин – свиткајте ги краевите навнатре и тркалајте од поширокиот кон потесниот дел. Наредете ги обликуваните кифли на хартија за печење, премачкајте ги со изматено јајце и масло и печете околу 20 минути на 200-220 степени. Уживајте!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име