Дома Здравје Брза пролетна диета! Слабеењето со ротквици – го поттикнуваат метаболизмот и го...

Брза пролетна диета! Слабеењето со ротквици – го поттикнуваат метаболизмот и го исфрлаат вишокот течност од телото

764
0

Брза пролетна диета! Слабеењето со ротквици – го поттикнуваат метаболизмот и го исфрлаат вишокот течност од телото

Доколку сакате до лето да изгледате фит и да го доведете телото во ред, не се оптеретувајте со разни диети. Експертите советуваат дека ова е вистинско време кога можете да го почестите вашето тело со свежа храна која ќе ви помогне да ослабете, но и ќе му обезбедите минерали, витамини и други корисни состојки.

Една од таквите намирници се ротквиците . Лесни за варење, нискокалорични и богати со влакна, идеални се за луѓе кои сакаат да ги изгубат вишокот килограми, бидејќи го забрзуваат метаболизмот.

Четиридневната диета, со разновидна храна, ќе ги исфрли сите токсини од вашето тело и ќе ви помогне да изгубите тежина . Ако го следите ова мени (кое се повторува по четири дена), брзо ќе забележите како се топи вишокот околу колковите и стомакот, па за една недела можете да изгубите и до четири килограми.

ПРВ ДЕН

Појадок: 175 гр сирење со малку маснотии, парче интегрален леб, јаболко
Ручек: четири големи ротквици, 100 грама пилешко филе
Вечера: салата од 100 гр ротквици и млада зелка прелиена со чаша ниско – масен јогурт

ВТОР ДЕН

Појадок: две лажици овесна каша прелиена со чаша јогурт со малку маснотии
Ручек: салата од 100 гр ротквици и 100 гр зелена салата, супа од зеленчук, 150 гр печена или варена риба
Вечера: салата од 100 гр ротквици и 100 гр. рукола, порција варен спанаќ и шолја лимонада

ТРЕТ ДЕН

Појадок: грејпфрут, 150 г сирење со малку маснотии посипано со лажичка семки од сончоглед
Ручек: 150 г телешко месо, 150 г ротквица, банана
Вечера: 100 г салата од краставици прелиена со лажица маслиново масло и 100 г сирење со малку маснотии.

ЧЕТВРТ ДЕН

Појадок: парче интегрален леб, 50 гр сирење со малку маснотии, јаболко
Ручек: 200 гр мисирка на скара и 150 гр ротквици
Вечера: 200 гр салата од краставици и четири ротквици прелиени со лажица ленено масло.

Зошто треба да го јадете овој зеленчук?

Ротквиците содржат само 16 калории на 100 грама. Блага пикантност со многу влакна и вода брзо создава чувство на ситост. Освен што го стимулираат варењето и согорувањето на масните наслаги, како природен диуретик тие го елиминираат и вишокот течности од телото, а со тоа го намалуваат отокот на лицето и телото. Тие се одличен извор на бакар, манган, калиум, витамини Ц, К и Б6, а во помали количини содржат и калциум, железо, фосфор, цинк и натриум. Имаат антибактериски својства, помагаат при респираторни заболувања, особено кашлица и астма, додека сокот од ротквица, пред јадење, помага против запек и варење.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име