Дома Здравје Болести на мозокот

Болести на мозокот

973
0

Секоја втора жена и секој трет маж во светот би можеле да страдаат од дегенеративна невролошка болест, како што се деменција, Паркинсонова болест или мозочен удар, покажуваат резултатите од новата студија објавена во списанието „Journal of Neurology Neurosurgery and Psychiatry“.

Студијата е спроведена врз основа на резултатите од следењето на психичката состојба на 12.102 лица постари од 45 години во периодот од 1996 година до смртта или до 1 јануари 2016 година.

Од 5.291 смртни случаи регистрирани во текот на 26-годишното времетраење на оваа епидемиолошка студија, 1.489 луѓе развиле некаква форма на деменција, 80 проценти од нив развиле Алцхајмерова болест, 1.285 имале мозочен удар, а 263 развиле Паркинсонова болест.

Ризикот се зголемува со возраста

Како што се претпоставуваше, ризикот се зголемуваше со возраста, но беше забележана и разлика во зависност од полот. Имено, секоја друга жена или 48 отсто од нив, која има 45 години, според студијата, е изложена на ризик во текот на животот да заболи од една од трите споменати болести. Кај спротивниот пол, секој трет маж или 36 отсто од нив се изложени на ризик.

Таквата разлика е последица на тоа што мажите генерално умираат порано од жените, објасни еден од авторите на студијата Арфан Икрам од Холандскиот медицински универзитетски центар во Ротердам.

Тој исто така рече дека жените имаат малку поголем ризик за развој на деменција од мажите, а мажите се поподложни на предвремен мозочен удар од жените. Кај женската популација, ризикот од паралелен развој на деменција и мозочен удар бил двојно поголем во споредба со мажите.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име