Дома Твој Готвач Без печење, брзо и лесно се подготвува: Неодолива бисквитна торта со два...

Без печење, брзо и лесно се подготвува: Неодолива бисквитна торта со два крем филови (РЕЦЕПТ)

451
0

Совршено уживање…

Торта со бисквити и два филови е идеална опција кога немате многу време или кога не сакате да поминувате часови и часови во кујната. Вкусот е божествен, а покрај бисквитите што сите ги сакаат, има и два кремасти слоја – едниот со банани, а другиот со пудинг и слатка павлака.

Состојки:

250 гр мелени бисквити
100 гр растопен путер

Прво полнење:

3 јајца
10 мл екстракт од ванила
100 гр шеќер во прав
40 гр скроб
100 гр путер

800 мл млеко
2 банани

Второ полнење:

300 мл млеко
80 гр пудинг од ванила
2 кесички ванилин шеќер
200 мл слатка павлака

Подготовка:

Скршете ги бисквитите, па измешајте со растопениот путер. Намачкајте ја смесата на дното на калапот како основа.

Шеќерот во прав се меша со скроб, па се додаваат изматените јајца. Промешајте ја смесата, па додадете 800 мл млеко. Гответе на тивок оган додека смесата не се згусне.

Додадете го екстрактот од ванила.

Извадете го од шпорет и додадете ги испасираните банани. Со смесата ги прелива бисквитите. Оставете во фрижидер еден час.

Започнете со подготовка на вториот фил со мешање млеко, пудингот и ванилиниот шеќер. Се матат со миксер, па се додава слатката павлака. Продолжете со мешање додека не добиете еднолична текстура.

Над првиот премачкајте го вториот фил, па вратете го во фрижидер. Декорирајте по желба.

Претходна објаваНаучниците предупредуваат: Осаменоста е опасна за целиот организам
Следна објаваКако да се ослободите од НЕРВОЗАТА за МИНУТА? – ПРОБАЈТЕ ја оваа техника

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име