Дома Живот Ако сакате да спиете како бебе, ова е најдоброто време кога треба...

Ако сакате да спиете како бебе, ова е најдоброто време кога треба да вечерате

389
0

Според експертот за спиење Питер Полос, вечерата треба да се јаде најдоцна три часа пред спиење.

На пример, ако планирате да легнете во 23 часот, јадете го вашиот оброк најдоцна до 20 часот.

  • Ова остава доволно време за варење и ја намалува можноста да имате проблеми со спиењето поради лошо варење – вели др. Полос и забележува дека ова е особено важно кога се јаде храна богата со протеини или масти како месо и риба.

Од друга страна, не е добро ниту да вечерате прерано, бидејќи ако легнете гладни, може да ви падне шеќерот во крвта, што може да ве разбуди среде ноќ.

Меѓутоа, ако не успеете да ја одржите оваа рутина, неврологот и експерт за спиење Др. Софија Акселрод вели дека јадењето на вечера во исто време секој ден е многу поважно од тоа.

  • Тоа е затоа што оброците се една од многуте дневни активности кои помагаат да се регулира времето на нашите деноноќни ритами, кои ги диктираат нашите циклуси сон-будење. Ако секогаш јадете во исто време, вашето тело учи да го подготвува дигестивниот тракт (на пример, со производство на дигестивни ензими) за оптимално да ја свари храната што ја јадете – вели др. Акселрод.

Што е со десертот?

Десертот треба да се јаде и три часа пред спиење, доколку сакате да имате добар сон.

Но, ако апсолутно мора да јадете нешто пред спиење, тогаш изберете јаткасти плодови, овошје и слични оброци кои нема да го забават вашето варење.

д-р. Акселрод додава дека храната која содржи триптофан и мелатонин може да предизвика поспаност, како што се млекото, овесот и чоколадото.

Доктор Полос забележува дека врската помеѓу исхраната и спиењето е двонасочна, што значи дека колку е поздрава вашата исхрана, толку подобар ќе ви биде сонот.

  • Општо земено, докажано е дека начинот на живот кој помага во одржување на здрава телесна тежина помага и за здрав сон, затоа ограничете го шеќерот и зголемениот внес на јаглехидрати, масти и протеини заедно со редовните физички вежби – советува др. Акселрод.
Претходна објаваВи пренесуваме три рецепти за вкусни јадења со тиква
Следна објаваПашканат – подготовка, употреба, одгледување, влијание врз здравјето

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име