3 навики што ви го уништуваат желудникот: Ако го правите ова додека јадете, ризикувате сериозно лошо варење
Д-р Дуонг Ти Фуонг од Одделот за исхрана при Универзитетската болница за медицина и фармација во Виетнам откри кои дневни навики можат да имаат големо влијание врз здравјето на дигестивниот систем.
Желудникот е тесно поврзан со нервниот систем, па затоа стресот, емоциите и начинот на кој јадеме можат значително да влијаат на процесот на варење, а три вообичаени навики го зголемуваат ризикот од проблеми и нарушувања на варењето.
Пребрзо јадење и јадење со одвлекување на вниманието
Кога јадиме пребрзо а истовремено гледаме во телефонот или сме под стрес, варењето може да биде отежнато. Таквите навики може да ја пореметат природната припрема на организмот за оброк и да влијае на лачењето на желудочна киселина и едзими потребни за праилно варење
Кога јадеме пребрзо и не ја џвакаме храната доволно , желудникот мора да вложи повеќе напор за да ја разгради. Стресот може дополнително да го комплицира процесот на варење и да влијае на искористувањето на хранливите материи. Поради ова, може да се појават надуеност, чувство на тежина во желудникот, лошо варење и други дигестивни проблеми.
Доцна вечера и одење во кревет веднаш по јадењето
Друга навика што може негативно да влијае на варењето е доцната вечера, особено ако заспиеме веднаш по оброкот. Во зависност од тоа што сме јаделе, на желудникот може да му требаат од неколку часа до повеќе од шест часа за да ја свари храната.
Ако легнеме додека процесот на варење е сè уште во тек, се зголемува можноста за горушица и рефлукс, т.е. враќање на желудочната киселина во хранопроводот. Покрај тоа, доцните и обилни оброци можат да го нарушат квалитетот на спиењето и негативно да влијаат на здравјето на долг рок.
Премногу вода за време на оброците
Иако често се смета дека повеќе вода за време на оброците го олеснува варењето на храната, прекумерното внесување течности може да има спротивен ефект. Голема количина вода може да ја разреди желудочната киселина и со тоа да влијае на ефикасноста на варењето на храната.
Кога во желудникот има голема количина храна и течност истовремено, органот мора да работи дополнително за да може добро да измеша и обработи сè. Затоа експертите советуваат умерено внесување течности за време на оброците.
Според препораките на лекарот, вкупната количина на течност со оброк, вклучувајќи ја и супата, треба да биде до 200 милилитри, додека идеалната количина е околу 50 до 100 милилитри.
Како да се подобри варењето на храната
За поздраво и поефикасно варење, експертите препорачуваат да не го јадеме оброкот набрзина, туку да одвоиме 20 до 30 минути за него. Исто така е важно добро да се џвака секој залак, дури и 20 до 50 пати, пред да се голтне.
Додека јадеме, треба да обрнеме внимание на вкусот, мирисот, текстурата и изгледот на храната. Внимателното јадење не само што може да помогне во варењето, туку и му овозможува на телото навреме да го регистрира чувството на ситост. На овој начин, полесно можеме да избегнеме прејадување и да развиеме поздрави навики во исхраната.
Лекарите советуваат да се одржува ритам од три редовни оброци во текот на денот, при што појадокот не треба да се прескокнува. Исто така, пожелно е да се ограничи внесувањето на високо преработена, масна, пресолена и пушена храна. Додека јадете, треба да избегнувате активности што го одвлекуваат вниманието, како што се гледање во телефон или работа, и да се фокусирате на оброкот.
Луѓето кои имаат чир на желудник или други проблеми со варењето треба да избегнуваат предолго без храна и прејадување. Поумерените и почестите оброци можат да помогнат во ублажување на непријатните симптоми. Исто така, се препорачува намалување на употребата на алкохол и тутун, како и избегнување на премногу зачинета и кисела храна.
Одредени скробени намирници, како што е лебот, можат дополнително да помогнат во врзувањето на желудочната киселина и да ја ублажат непријатноста.








