Не јадете 12 часа? Еве што всушност се случува во вашето тело тогаш
Сè повеќе луѓе зборуваат за начин на исхрана што подразбира временско ограничување за оброците, познато како правило од 12 часа.
Овој пристап подразбира дека храната се внесува во текот на половина од денот, додека во преостанатите 12 часа се прави пауза, што може да влијае на варењето на храната, телесната тежина и општото здравје.
Исто така, се препорачува да не се јаде веднаш пред спиење, за да има време телото да се одмори.
Во овој период без храна, телото прво ги користи своите резерви на шеќер, а потоа преминува на согорување на масти. Овој процес може да придонесе за подобра регулација на телесната тежина и постабилно ниво на шеќер во крвта, но ефектите не се исти кај сите луѓе.
Постојат неколку варијанти на овој режим , но моделот 12/12 се смета за наједноставен и најлесен за примена, бидејќи природно се вклопува во дневниот ритам.
Токму затоа често се препорачува на почетници или на оние кои сакаат да воведат ред во својата исхрана без поголеми жртви.
Квалитет на храната
Важно е да се нагласи дека времето на оброк не е единствениот фактор, квалитетот на храната игра клучна улога. Се препорачува разновидна и балансирана исхрана богата со зеленчук, овошје, протеини и здрави масти.
Иако некои истражувања укажуваат на можни придобивки, како што се подобра контрола на телесната тежина и метаболизам, овој начин на исхрана не е погоден за секого. Лицата со одредени здравствени проблеми, бремените жени, како и децата, треба да се консултираат со експерт пред употреба.
Како заклучок, пауза од 12 часа помеѓу оброците може да биде корисен чекор кон поздрави навики, но тоа не е универзално решение, најважно е исхраната да биде прилагодена на потребите на секоја индивидуа.








