Дома Психолошки совети Истражување: Кавгаџиите се поздрави

Истражување: Кавгаџиите се поздрави

552
0

Луѓето кои не бегаат од дебата, но изразуваат гнев и бес се поздрави од оние кои го потиснуваат гневот и се повлекуваат од конфликтот, велат истражувачите од Институтот за социјални истражувања на Универзитетот во Мичиген.

До овој заклучок дошле со анализа на податоците на 1.842 лица на возраст од 33 до 84 години. Испитаниците кои чувствувале напнатост и биле обземени од негативните емоции што ги задржале, имале симптоми на физичка непријатност, од болка до посериозна болест. Спротивно на тоа, испитаниците кои, да речеме, се вклучија во дискусија во текот на утрото, почувствуваа апсолутен мир попладне, без никакви вознемирувачки симптоми.

Уделот на кортизол, хормон на стрес, бил низок во нив, во споредба со испитаниците кои чувале сè за себе. Затоа, д-р Ки ра Бирдит, водачот на истражувачкиот тим, советува да не се задушува конфликт, но да се дојде до решение, без оглед дали има несогласувања со директорот, сопругата, децата или некој друг од околината.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име