8 начини за смирување на проширени вени! Ова дефинитивно ќе ви помогне
Сè потоплите денови и дехидрацијата на телото се чести причини за влошување на тегобите поврзани со крвните садови, а доколку не се третираат соодветно, видливите венски шари, површинските вени и отокот можат да ги зафатат длабоките вени и да создадат сериозни компликации, воспаление, па дури и тромбоза.
Синкастите, отечени, грутчести крвни садови можат да го уништат изгледот на вашите нозе, а исто така можат да чешаат и да болат. Сè потоплите денови и дехидрацијата на телото се чести причини за влошување на тегобите, а доколку не се третираат соодветно, видливите венски шари, површинските вени и отокот можат да ги зафатат длабоките вени и да создадат сериозни компликации, воспаление, па дури и тромбоза.
Започнете со избегнување на тесни чевли и чорапи што го блокираат протокот на крв до срцето, завршете го секое туширање на нозете со ладна вода и истегнете се со подигнати нозе секогаш кога имате можност.
Што не е во ред?
Проширените (варикозни) вени, со придружни симптоми и компликации, се најчестата болест на крвните садови на нозете. Вените се како еднонасочни канали што ја транспортираат крвта кон вашето срце. По должината на вените се наоѓаат вентили кои спречуваат крвта да оди во погрешна насока, а кога овие вентили ослабуваат – обично во нозете, каде што гравитацијата предизвикува крвта да се собра – вените се шират и добиваат задебелен, грутчест изглед.
Најчести симптоми се чувство на тежина и напнатост во нозете по долго стоење или на крајот од денот (кое исчезнува кога нозете се креваат), болни мускулни грчеви во текот на ноќта, чешање на кожата, оток и замор на нозете, чувство на печење (на местото на капиларите).
Нозете високо
Во борбата против вените можат да помогнат еластични завои или еластични чорапи, кои треба да се носат по препорака на лекар, хидромасажа (наизменично туширање со ладна и топла вода, од стапалата до препоните) и одмор со нозете подигнати над нивото на срцето.
Еве уште неколку упатства:
Избегнувајте стоење или седење мирно подолг временски период. Ако останете во која било од овие две позиции, крвта ќе ви се згрутчи во нозете.
Кога правите било каква пауза, одвојте време за прошетка наоколу. Секогаш кога ги движите нозете, ѝ помагате на крвта да се движи нагоре.
Без разлика дали стоите или седите, направете пауза околу еднаш на секој час и свиткајте ги стапалата – кревајте и спуштајте го предниот дел од стапалата десет минути за да ги активирате мускулите на листовите. Бидејќи овие мускули се поврзани со вашите вени, нивното свиткување помага да се компресираат крвните садови и да се движи крвта нагоре кон срцето.
Секогаш кога седите, проверете дали не ги прекрстувате нозете. Кога ќе ја ставите едната нога врз другата, ги оптоварувате вените и го блокирате патот на враќање на крвта.
Правете аеробни вежби најмалку дваесет минути три пати неделно за да останете во форма и да ослабете (прекумерната тежина ги оптоварува вените). Особено се препорачува пливање и брзо одење.
Избегнувајте изложување на стапалата на високи температури (сончање, сауна, капење во топла вода).
Направете нежна масажа на нозете за да ја стимулирате циркулацијата на крвта со притискање на палците на мускулите (но не директно на вените) во насока нагоре кон срцето.
Негувајте ги стапалата со натопување крпа во силен чај од кора од даб, народен лек кој го стимулира протокот на крв. Облоги од вештерска леска, масло од невен, гел од див костен или гавез и свежи листови од зелка се исто така корисни.
Кога да се посети лекар
Варикозните вени се повеќе козметички проблем отколку здравствен проблем. Сепак, посетете го вашиот лекар ако ви се појават рани или ако кожата над проширените вени почне да се лупи. Веднаш посетете го вашиот лекар ако вената пукне и крвари или ако одењето стане болно. Оток, постојана болка и црвенило се исто така причини за тревога.