Чоколадно чудо со само 4 состојки и без печење
Ако сакате брзи и лесни десерти, овој рецепт е вистинскиот избор. Не бара печење, а резултатот е кремаста и богата торта што ќе го задоволи секој љубител на слатки.
Состојки:
300 г мелени бисквити
200 мл млеко
200 г чоколадо за готвење + 100 г млечно чоколадо
50 г растопен путер
Чекор-по-чекор подготовка:
Прво, чоколадото за готвење се сечка и се топи на пареа со 150 мл топло млеко. Кога ќе се добие мазна смеса, додадете мелени бисквити и растопен путер. Доколку е потребно, додадете уште неколку лажици млеко, додека масата не добие текстура на влажен песок.
Потоа смесата се става во плех обложен со хартија за печење и се остава во фрижидер околу два часа да се стегне.
Глазура од млечно чоколадо
Откако тортата ќе се олади, се подготвува глазурата: млечното чоколадо се топи со 50 мл топло млеко и се прелева врз тортата. Сè повторно се враќа во фрижидер додека глазурата целосно не се стегне.
Сервирање
Кога тортата е готова, се сече на коцки или штангли и може да се сервира со кафе или како лесен десерт по оброкот.
Овој рецепт покажува дека совршениот колач не бара многу време или состојки – само малку имагинација и љубов кон чоколадото.








