Чаша на ден прави чуда: Зошто овој сок вреди злато за здравјето
Цвеклото е зеленчук кој се користи во нашиот регион со генерации, и тоа со добра причина. Неговата интензивна црвена боја крие богатство од хранливи материи – железо, витамин Ц, фолна киселина и влакна – поради што често се смета за природен сојузник за здравјето.
Сокот од цвекло е особено ценет, бидејќи овозможува сите негови корисни состојки лесно и брзо да се апсорбираат во телото. Во зимските месеци, кога имунитетот ослабува, а заморот е почест, чаша домашен сок од цвекло може да биде вистинско освежување и силна поддршка за телото.
Здравствени придобивки од сок од цвекло
Ја подобрува крвната слика – благодарение на високата содржина на железо и фолна киселина
Го зајакнува имунитетот – витаминот Ц и антиоксидансите му помагаат на телото да се бори против инфекции
Ја поттикнува циркулацијата и здравјето на срцето – природните нитрати можат да придонесат за намалување на крвниот притисок и подобар проток на крв
Обезбедува енергија – идеално за луѓе кои се борат со хроничен замор
Го чисти телото – делува како природен детоксикатор, помагајќи му на црниот дроб и варењето на храната.
Рецепт за домашен сок од цвекло
Состојки:
3 големи цвекла
2 јаболка (слатки и кисели)
2 моркови
1 лимон
Парче свеж ѓумбир (по желба)
Подготовка:
Добро измијте ги и излупете ги цвеклото, морковите и јаболката, а потоа исечкајте ги на помали парчиња. Ставете ги во соковник. Ако користите блендер, додадете малку вода, а потоа процедете го сокот низ газа или ситно цедалка. На крајот, додадете свежо исцеден сок од лимон и малку рендан ѓумбир за дополнителна арома и свежина.
Како да пиете сок од цвекло?
Најдобро е да го пиете наутро, на празен стомак, една чаша на ден. Доколку за прв пат консумирате сок од цвекло, се препорачува да започнете со помала количина – половина чаша – бидејќи неговите ефекти врз циркулацијата и варењето можат да бидат силни.
Сокот може да се чува во фрижидер до 24 часа, но најдобро е да се пие свежо приготвен за да се зачуваат сите витамини и минерали.
Сокот од цвекло не е само освежителен пијалок – тој е природен еликсир кој ја зајакнува крвната слика, ја зголемува енергијата и го штити имунитетот. Лесен за подготовка и исклучително корисен, тој е идеален сојузник за здравјето во постудените денови.








