Сите ги јадеме, но не знаеме дека го скратуваат животот: Долговечните луѓе никогаш не ги јадат овие 3 намирници
Листа на храна за која е докажано дека го скратува животниот век
Нутриционистката Мишико Томиока, чија мајка, вели таа, има 86 години, а тетка 96, објаснува дека Јапонците јадат минимално она што ние го сметаме за секојдневни „задоволства“. Според Томиока, листата на храна за која е докажано дека го скратува животниот век вклучува хот-догови, хамбургери и пијалоци со вештачки засладувачи.
Томиока ги стави хот-договите и колбасите на прво место во однос на штетноста. Освен што се богати со сол, овие намирници се богати и со заситени масти, што може да го зголеми ризикот од одредени видови рак, како што се рак на дебелото црево или дојка.
На второ место се хамбургерите, а освен што се чувствуваме подуени и уморни по ваков вид храна, бургерите се полни со сол и секакви масти, што доведува до зголемување на нивото на лош холестерол.
Третото место го заземаат вештачки засладените газирани пијалоци. Докажано е дека редовното консумирање на овие пијалоци значително го зголемува ризикот од дијабетес тип 2.
Не треба да го игнорираме фактот дека пијалоците со вештачки засладувачи можат да го отежнат концентрирањето и да предизвикаат мигрена.
- Кога брзате наутро, а немате доволно време за „нормален“ појадок, најчестиот избор се разни видови корнфлекс, а тоа е голема грешка. Корнфлексот со додадени шеќери може да доведе до проблеми со крвниот притисок, зголемување на телесната тежина, зголемено воспаление во телото и зголемен ризик од дијабетес – тврди Томиока.