Дома Здравје Се задушувате со храна и сте сами? Овој потег може да ви...

Се задушувате со храна и сте сами? Овој потег може да ви го спаси животот… (ВИДЕО)

478
0

Се задушувате со храна и сте сами? Овој потег може да ви го спаси животот… (ВИДЕО)

Повеќето луѓе знаат што да прават ако видат некој во нивна близина како почнува да се задави со храна или нешто друго.

Секако, маневарот на Хајмлих е еден од најпознатите потези во светот. Сепак, што да направите ако почнете да се задушувате со храна и не можете да земете воздух, а нема никој наоколу?

Задушувањето со храна не е толку ретко како што изгледа, но во повеќето случаи може да се избегне фатален исход. Сепак, за да го исфрлите она што го блокира протокот на воздух кон белите дробови, мора да ја турнете дијафрагмата нагоре со ненадејно движење за да го исфрлите воздухот.

Ова најчесто се постигнува со познатиот маневар на Хајмлих, но за ова ви е потребна помош. За среќа, експертите открија како можете да си го спасите сопствениот живот.

Џеф Реман, медицински техничар со 22 години искуство, смислил потег кој е подеднакво ефикасен, но сепак можете сами да го направите во итен случај. Секој треба да го прочита неговиот совет, бидејќи ова еден ден би можело да ни ги спаси животите.

Совети:

Не паничи. Обидете се да останете смирени.

Клекнете и потпрете ги рацете на подот така што вашето тело ќе биде хоризонтално над подот.

Нагло помрднете ги рацете и оставете го целиот торзо да падне и да ја удри земјата. Ова ќе предизвика целиот воздух да излезе од белите дробови, а со него и храната или туѓиот предмет што се заглавил и предизвикал задушување.

Погледнете како изгледа сето тоа во видеото подолу:

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име