Рецепт стар 6.000 години: Најздравиот десерт на светот со само 2 состојки
Колаче кое е исто толку вкусно колку што е и неверојатно здраво
Ова е рецепт стар повеќе од 6.000 години. Дури е споменат во Хомеровата „Илијада“, познат е и како грчки појадок, а всушност потекнува од Грција, Египет и Блискиот Исток.
Денес е познато како пастели и е направено од само две состојки – сусам и мед .
Колаче кое е исто толку вкусно колку што е и неверојатно здраво. Комбинацијата од здрав мед и здрави семки има безброј придобивки – тие ја прочистуваат крвта, го зајакнуваат имунитетот и се одлични антиоксиданси.
Всушност, комбинацијата од мед и сусам содржи дури 182 елементи корисни за нашето здравје, а тие имаат особено висока концентрација на антиоксиданси кои го спречуваат развојот на рак и други сериозни болести.
Не е изненадувачки бидејќи пастелите се консумираат со векови, но чудно е што во модерното време рецептот е изгубен некаде. Иако е исклучително лесен за подготовка.
Ви треба само:
300 грама мед
300 грама паста од сусам (таан).
Можете сами да ја направите пастата со блендирање на лесно пржени сусамови семки (исчистени) со малку сусамово масло (ставете две лажички масло на една чаша семки).
Блендирајте додека не добиете фина маса.
Подготовка:
Добро измешајте ги двете состојки, направете топчиња, извалкајте ги во сусам, оставете ги во фрижидер малку да се стврднат и наскоро уживајте.
Една топка на ден ќе ви ја даде потребната енергија, ќе ја намали напнатоста, ќе ја подобри вашата крвна слика, ќе ве нахрани и ќе ве излечи.
Толку едноставни, докажани, толку стари — тие навистина заслужуваат да се издигнат од пепелта.