РАЈ ЗА СЕКОЈ ВКУС! Невообичаено лесна торта со пудинг и јаболка – без печење, но се топи во устата
Кора од бисквити и овошен фил со непогрешлива комбинација што ќе го задоволи дури и најпребирливиот вкус.
Состојки:
1 кг излупени и исечкани јаболка
1 кутија колачиња
1/2 литар вода
6 лажици шеќер
2 ванилин шеќери
2 пудинзи од ванила
1 чаша шлаг
1/2 кг јаболка
Подготовка:
Сварете исчистени и исечени јаболка, шеќер и вода. Кога јаболката ќе почнат да се распаѓаат, додадете го ванилиниот шеќер. Потоа додадете ги пудинзите од ванила што претходно сте ги измешале во малку вода. Гответе уште 5 минути, а потоа прелијте го топлиот фил врз бисквитите што сте ги наредиле во тавата. Оставете да се олади и премачкајте сè со шлаг.








