Поховани тиквички од рерна: Овој зеленчук е сезонски, користете го за вкусни и здрави јадења
Тие се совршени за доцна вечера бидејќи содржат минимум калории.
Состојки:
- 1 тиквичка со средна големина
- 2 јајца
- брашно (по потреба)
- презла (по потреба)
- масло
- сол по вкус
Подготовка:
- Излупете ги тиквичките и исечете ги на прстени со еднаква дебелина (4-5 мм). Посолете ги и оставете ги да отстојат малку и испуштајте ја водата, а потоа процедете.
- Истурете го брашното и презлите во посебни чинии, а јајцата и солта изматете ги.
- Секој круг тиквички прво извалкајте го во брашно, потоа во јајца, па во презла и наредете ги во тава во која претходно сте ставиле хартија за печење добро испрскана со спреј за масло.
- Тиквичките наредете ги една по една, потоа повторно испрскајте ги со спреј за масло или премачкајте ги со четка натопена во масло и ставете ги во рерна да се печат на 190 степени. По десет минути, извадете ги