Овие симптоми укажуваат дека пиете премногу кафе
Некои луѓе се убедени дека ќе бидат добро без разлика колку кафе пијат, додека други мислат дека премногу кофеин им пречи. Една студија, во која биле опфатени 40.000 возрасни лица, открила дека пиењето повеќе од просечно четири шолји кафе дневно предизвикува некои несакани ефекти.
Чувство на вознемиреност
Просечна шолја кафе содржи 95 милиграми кофеин. Значи, ако пиете повеќе од четири шолји кафе, ќе консумирате околу 500 милиграми кофеин дневно. Една студија наведува дека големите корисници на кофеин може да доживеат високо ниво на стрес, анксиозност, па дури и депресија. Студијата вели дека консумирањето повеќе од илјада милиграми кофеин неделно дури е докажано дека предизвикува висока анксиозност.
Лош сон
Редовното консумирање големи количини кафе може да предизвика проблеми со спиењето. Иако редовното пиење кафе има многу здравствени придобивки, сведете го дневниот внес на кафе на минимум, особено наутро – тоа може да ви помогне да спиете подобро навечер.
Побрз отчук на срцето
Иако една студија покажа дека пиењето 100 милиграми кофеин на секој час до пет часа не предизвикува зголемување на срцевиот ритам, консумирањето поголеми количини може да предизвика промена на срцевиот ритам.
Треперење
Ако некогаш сте се чувствувале треперливо по премногу шолји кафе – тоа може да се дефинира како предозирање со кофеин.
Замор
Природно е да ви треба кофеин кога се чувствувате уморни. Но, консумирањето премногу кофеин всушност може да има негативен ефект, особено ако содржи додадени шеќери.








