Ова се знаци дека на телото му недостасуваат ПРОТЕИНИ, а без нив нема здравје!
Протеините се неопходни за телото. Важно е да се јаде протеинска храна секој ден за да се избегнат здравствени компликации и предвремено стареење.
Многу диети ги доведуваат жените, но и мажите, до точка каде нивното тело останува без „градежниот материјал“ наречен протеини.
Следните симптоми укажуваат на недостаток на протеини во организмот:
- Висок холестерол и триглицериди,
- Анксиозност,
- Тренирате, но не ги чувствувате придобивките на вашето тело,
- Сонот е нарушен и прекинат,
- Заматена свест/ослабена концентрација,
- Проблеми со варењето,
- Зголемување на телесната тежина,
- Нарушен менструален циклус,
- Чести повреди и лошо заздравување на раните.
Зошто ни се потребни протеини?
Ни требаат протеини за да имаме енергија секој ден. Тие се важни за растот и одржувањето на компонентите во телото, од косата до кожата и антителата за имунитет. Внатрешните органи, мускулите, ткивата, голем број хормони – се составени од протеини. Протеините формираат хемоглобин и антитела. Тие влијаат на сите телесни функции: од контрола на шеќерот во крвта до заздравување на раните и отпорност на бактерии.
Значи, без протеини, не би постоеле.
Протеинска храна: Разликуваме протеини од животинско потекло и протеини од растително потекло. Производи кои се најбогат извор на протеини вклучуваат храна од животинско потекло и млечни производи. Белото или живинско месо е најздраво бидејќи е извор на посни протеини, додека црвеното месо го зголемува нивото на холестерол, па затоа е подобро да се избегнува во големи количини. Најбогати, во исто време, најздрави извори на протеини се посното месо и рибата, зеленчукот, овошјето и зеленчукот. Црвеното месо содржи многу масти, па затоа не се препорачува во секојдневната исхрана, за разлика од белото месо и рибата, кои содржат помалку масти и се дефинитивно поздрави.








