Не е целиот магнезиум ист – откријте кој е вистинскиот за вас
Пред да посегнете по првиот додаток во исхраната на кој пишува „магнезиум“, застанете и добро размислете – бидејќи не е секој магнезиум ист, и не е секој за секого.
Магнезиумот може да се добие преку храна – најзастапен е во зелениот лиснат зеленчук, јаткастите плодови и мешунките, но многу луѓе денес не внесуваат доволно од овие намирници, па затоа се свртуваат кон додатоци во исхраната.
Пред да купите, добро размислете што всушност ви е потребно и не двоумете се да побарате совет од аптека, бидејќи правилниот избор може да направи голема разлика.
Магнезиум цитрат
Доколку имате лошо варење или запек, магнезиум цитрат може да биде добар избор. Брзо се апсорбира, помага во работата на цревата и ги ублажува грчевите.
Магнезиум глицинат
За оние кои се под хроничен стрес, чувствуваат напнатост или страдаат од несоница , се препорачува магнезиум глицинат. Добро се апсорбира, има смирувачки ефект врз нервниот систем и може да помогне при несоница.
Магнезиум оксид
Иако слабо се апсорбира, познат е по својата ефикасност како благ лаксатив, па затоа често се користи за решавање на овој проблем.
Магнезиум тауримат
Луѓето кои сакаат да го поддржат здравјето на срцето и да го регулираат крвниот притисок можат да имаат корист од магнезиум тауримат , кој дополнително помага при анксиозност и напнатост.
Магнезиум хлорид
Доколку страдате од болки во мускулите , грчеви или воспаление, магнезиум хлоридот во форма на лосион или додаток за капење може да биде одличен избор – телото добро го апсорбира преку кожата, а дејството е брзо и локализирано.