Невролозите се согласуваат: Еден вид овошје е најдобриот засилувач на мозокот
ХРАНАТА што ја јадеме директно влијае на здравјето на мозокот и на неговото стареење. Исхраната богата со интегрални, хранливи намирници е поврзана со побавен когнитивен пад и подобра меморија во староста.
„Она што го јадеме секој ден може да влијае на тоа како се експресираат нашите гени и како старее нашиот мозок. За мене, тоа е сржта на превентивната неврологија – користење на начинот на живот, особено исхраната, како алатка за зачувување на когнитивната функција и квалитетот на животот“, изјави неврологот д-р Келијан Ниотис за EatingWell .
Кога невролозите биле прашани што јадат секој ден за здравјето на мозокот, сите навеле многу корисни намирници, но една се издвоила како чест избор – бобинки.
Клучот е во конзистентноста, а не во квантитетот.
Боровниците, малините и капините се високо на листата на невролозите поради нивните моќни антиоксидантни својства и позитивниот ефект врз мозокот. „Овие супстанции го поддржуваат здравјето на мозокот со намалување на воспалението и подобрување на комуникацијата меѓу мозочните клетки“, објасни д-р Ниотис. Неврологот д-р Ела Акерман додаде дека бобинките се богати со витамин Ц, кој помага во заштитата на мозокот од оксидативен стрес поврзан со развојот на Алцхајмеровата болест.
Невролозите исто така истакнуваат дека јадењето бобинки може да помогне во подобрувањето на меморијата. „Храна што се обидувам да јадам секој ден се боровинките“, вели неврологот д-р Жан-Рафаел Шнајдер. Тој забележа дека нивните антиинфламаторни флавоноиди можат да го поддржат здравото стареење на мозокот. „Истражувањата покажаа дека овие соединенија можат да ја подобрат меморијата и да го забават когнитивниот пад со текот на времето“, додаде тој.
Конечно, експертите препорачуваат едноставно вклучување на бобинки во вашата исхрана – со појадок, во смутија, салати или десерти. „За мене, бобинките се лесен и вкусен начин да го нахранам мозокот“, рече д-р Ниотис. Д-р Шнајдер препорачува неколку бобинки неколку пати неделно, нагласувајќи дека клучот е конзистентноста, а не количината.








