Најздравата вечера на светот: Ги топи мастите со молскавична брзина и е готова за само 5 минути
Само 5 минути сте од вечера што ги топи мастите подобро од која било диета. Содржи само 200 калории и е полна со протеини!
Појадувајте како крал, ручајте како принц и вечерајте како сиромав – сите сме запознаени со оваа народна традиција која не се појавила тукутака и преживеала до ден-денес.
Всушност, многу нутриционисти тврдат дека вечерата треба да биде најлесниот оброк , а тоа не значи толку количината на консумирана храна, туку содржината и храната што лесно се вари.
Многумина во процесот на слабеење прават голема грешка и ја прескокнуваат вечерата, што воопшто не е добро. Нутриционистите не препорачуваат да си легнувате на празен стомак. Кога ќе заспиете гладни, има големи шанси да се разбудите погладни и да внесете многу повеќе калории за појадок.
Оброкот се подготвува за само 5 минути, а сигурно ќе ја стимулира работата на метаболизмот, потрошувачката на калории и ќе влијае на губењето на тежината.
Состојки:
1 цело јајце
3 белки од јајца
свеж власец
1 лажичка магдонос
1 лажичка босилек
1 лажичка мајчина душица
малку сол
Подгответе го оброкот како класична кајгана. Исечкајте го свежиот власец, изматете го јајцето и белката и додадете ги останатите зачини. Загрејте тава на шпорет и направете кајгана.
Овој оброк содржи доволни количини на витамини и протеини, па затоа брзо ќе ве засити, а содржи само 200 калории. Поради содржината на протеини, ќе има поволен ефект врз мускулниот тонус. Доколку сакате, можете да изедете и парче тост.
Прекинете го циклусот на неуспешни диети и гладување
Најголемата заблуда е дека витката линија се достигнува преку одрекување и страдање. Вистината е всушност спротивна – вашето тело најмногу ги топи мастите кога се чувствува безбедно и нахрането со вистинските хранливи материи. Оваа вечера е клучен сојузник бидејќи ги спречува вечерните напади на глад кои се главен непријател на секој напредок.
Ова не е само рецепт за еден ден, туку првиот чекор кон чувството на леснотија по кое копнеевте.
Вашето тело ќе ви биде благодарно, а огледалото ќе го потврди тоа побрзо отколку што мислите .








