Направете совршено летно освежување – Лимонадата е здрав пијалок со само 2 состојки
Освежителната комбинација од лимон и нане е многу пријатна во топло време.
Еден од најпопуларните летни пијалоци е лимонадата. Ако додадете нане во обичната лимонада , ќе добиете нова и поздрава верзија на лимонада, освежителен и миризлив летен пијалок, наречен лимонана.
Состојки:
4-5 свежо исцедени лимони
4 чаши ладна вода
1 лажица шеќер (можете да ја прилагодите количината по ваш вкус)
коцки мраз
свежа нане (количина по желба)
Подготовка:
Исцедете го лимонот за да добиете свеж сок. Препорачливо е да користите свеж лимон.
Во голем сад измешајте свежо исцеден сок од лимон, ладна вода и шеќер. Добро измешајте ги сите состојки додека шеќерот целосно не се раствори.
Додадете коцки мраз во сад со сок од лимон и вода за да го оладите пијалокот.
Додадете листови од нане, количина по желба.