Дома Здравје Лекарите дошле до шокантно откритие: Овој орган игра клучна улога кај деменцијата...

Лекарите дошле до шокантно откритие: Овој орган игра клучна улога кај деменцијата и ги открива раните знаци на болеста

360
0

Лекарите дошле до шокантно откритие: Овој орган игра клучна улога кај деменцијата и ги открива раните знаци на болеста

Ново истражување од Универзитетот во Калифорнија покажува дека обликот на мозокот може да открие рани знаци на деменција.

Научниците анализирале повеќе од 2.600 скенирања на мозок на луѓе на возраст меѓу 30 и 97 години и забележале дека кај постарите лица со когнитивен пад, мозокот се менува , при што долниот и предниот дел се шират, додека горниот и задниот дел се намалуваат.

Овие промени, велат истражувачите, можат да влијаат на енториналниот кортекс, делот од мозокот одговорен за меморијата, кој е првиот што е засегнат кај Алцхајмеровата болест . Како што мозокот ја менува формата со возраста, областа може да биде „притисната“ врз черепот, зголемувајќи го ризикот од оштетување.

Оралното здравје директно влијае на мозокот: Изненадувачката врска со Алцхајмеровата болест и деменцијата

Научниците веруваат дека разбирањето на овие промени би помогнало во порано откривање и превенција на деменција.

Најчестите рани симптоми вклучуваат заборавеност, тешкотии при зборување, дезориентација, промени во расположението и тешкотии при извршување на секојдневните задачи, објавува „Мирор“.

Експертите советуваат да се побара лекарска помош при првите знаци, бидејќи раната дијагноза може да го забави напредувањето на болеста и да го олесни планирањето на идната нега.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име