Крај на стресот и депресијата: Мирисот на ова растение делува како седатив, без никакви несакани ефекти
Некои го нарекуваат „среќно растение“ бидејќи навистина има позитивен ефект врз луѓето.
Мирисот на ова растение на многумина им е познат како „крал на сите мириси“, но ретко кој е свесен колку позитивно влијае врз луѓето и за што служи.
Ги неутрализира негативните емоции како што се несигурноста, лутината, вознемиреноста и ја ублажува депресијата. Затоа некои го нарекуваат „среќно растение“ бидејќи навистина има позитивен ефект врз човекот.
Постојат неколку видови јасмин, но само два се погодни за есенцијални масла поради специфичниот мирис по кој е познат – Jasminum officinale и Jasminum grandiflorum.
Германските научници, предводени од професорот Ханс Хат од Универзитетот „Хајнрих Хајне“ во Диселдорф, потврдија дека мирисот на јасмин има позитивен ефект врз психата, а со тоа и врз телото.
Мирисот на ова растение има ефект врз луѓето сличен на седативот Валиум, но без непријатните несакани ефекти – изјавил професорот по истражувањето што го направиле врз глувци.
Кога го почувствуваа мирисот на јасмин, глувците престанаа да го прават она што го правеа, се смирија и седнаа. Со скенирање на нивните мозоци, научниците откриле дека мирисот на јасмин ја ублажува анксиозноста.
По вдишувањето на мирисот на јасмин, неговите молекули влегуваат во крвта и патуваат од белите дробови до мозокот. Скенирањето на мозокот покажа дека ефектот на хемикалијата наречена ГАБА врз нервните клетки е засилен. Животните се смирија – објасни тој.
Професорот и неговиот тим ги објавија резултатите од истражувањето во „Journal of Biological Chemistry“.
Резултатите од истражувањето ги сметаме за доказ. Мирисот на јасмин би можел да биде подобар избор од разни лекови за третман на анксиозност, несоница, за смирување и други – рече тој на крајот.
Иако ова растение не е премногу тешко за одржување, советот е дека ако не сте во можност, купете есенцијално масло кое е направено на негова основа.