Дома Здравје За да ја намалите физичката болка, слушајте ја вашата омилена музика

За да ја намалите физичката болка, слушајте ја вашата омилена музика

243
0

За да ја намалите физичката болка, слушајте ја вашата омилена музика

Од „Hurt“ на „Nine Inch Nails“ преработена од Џони Кеш, до истоимениот сингл на Кристина Агилера од 2006 година, па сè до хитот на REM „Everybody Hurts“, болката, обично емоционална, е вечна тема во песните.

Но, музиката може да има и терапевтски ефект, дејствувајќи како вистински аудитивен аналгетик, според истражувањето спроведено на Универзитетот Мекгил во Монтреал.

Наодите, објавени во списанието „Frontiers in Pain Research“, сугерираат дека омилената музика создава емоционален одговор што може да ја ублажи болката.

Слушањето омилени песни „може значително да го намали интензитетот на болката и непријатноста“, додека „непознатите песни немаат таков ефект“, открил главниот автор Дариус Валевициус, кој ги тестирал ефектите од низа мелодии врз 63 лица.

„Можеме грубо да процениме дека омилената музика ја намалила болката за еден поен на скала од десет, што е барем исто толку силно како и лековите против болки што се продаваат без рецепт“, рече тој.

Научниците го тестирале ова со поставување на термичка сензација на раката на учесниците што го загреала тој дел од нивното тело до ниво на болка.

Можеби ќе ве интересира…Музика за регулирање на емоциите – еве што да слушате за среќа, продуктивност или креативностПсиха и секс

Намалување на акутната болка од топлина

Испитаниците слушале песни што самите ги одбрале, песни што за нив ги одбрале истражувачите, а на третата група не ѝ било пуштано никаква музика.

„Омилената музика што самите учесници во студијата ја одбрале имаше многу поголем ефект врз намалувањето на акутната болка од топлина отколку релаксирачката, но непозната музика“, рече Валевициус.

Претходните истражувања покажаа и дека музиката може да помогне во ублажување на физичката болка, депресијата и високиот крвен притисок.

Во 2012 година, Центарот за истражување на болката при Универзитетот во Јута објави хипотеза дека „музиката може да го одвлече когнитивниот фокус од болката“, а некои претходни истражувања покажаа дека музикотерапијата може да ја намали потребата од лекови до 50 проценти.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име